До 30 јануари траат уписите за часови по театарска уметност во „Театар за сите“, кои се за возрасни и за млади постари од 15 години. Програмата ќе почне на 3 февруари и ќе трае три месеци.
Програмата е поделена на две нивоа: почетно и напредно. Часовите се одржуваат двапати неделно во различни термини/групи во просториите на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје. Програмите почнуваат двапати во годината – во февруари и во септември.
– Научете како се прави и гледа театарска претстава, кои се разликите помеѓу актерството и режијата… Двапати неделно по 60 минути во една од групите по ваш избор: понеделник и среда или вторник и четврток, соопшти „Театар за сите“.