Анастасиевски: Стечајната постапка на „Фени“ е законска

180

Стечајната постапка на Фени Индустри АД – во стечај, е согласно законските прописи, вели во писмениот допис до медиумите стечаен управник на Фени Индустри АД, Мирослав Анастасиевски.

– Во врска со наводите изнесени на прес-конференцијата од страна на Слаѓана Тасева, сакам да ја информирам јавноста, дека тие се неосновани во целост. Стечајната постапка на Фени Индустри АД – во стечај, е согласно законските прописи – вели Анастасиевски.

Во однос на транспарентноста, како што додава, целата македонска јавност редовно е информирана и го следи процесот постојано.

„Транспарентноста во стечајната постапка се огледува во редовното информирање на доверителите, согласно законските одредби. Сакам да потенцирам дека во целост е заштитен имотот на должникот, а со тоа и правата на доверителите во стечајната постапка“, се наведува во соопштението.

Во однос на наводите за Огласот и склучениот договор, Анастасиевски, истакнува дека истиот оглас е објавен најтранспарентно во меѓународниот Financial Times и домашни медиуми.

Анастасиевски ги повикува ТИМ да користат веродостојни податоци и да посветат внимание на причините за отворање на стечајна постапка на Фени Индустри АД Кавадарци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...