13-годишно девојче од Русија забременило од 10-годишно момче, педијатарот вели – невозможно

Теоретски - тоа е невозможно, не знам ништо за овој случај, но мислам дека некој друг е татко на тоа дете. Иако може да се провери едноставно со тест и верувам дека ќе се направи таков тест - рекол педијатарот.

1418
БЕСПЛАТНА ФОТО ПИКСЕЛС

Девојче од Русија на возраст од само 13 години забременило од помлад од себе – од 10-годишно момче со кое заедно израснале.

Случајот е регистриран во една покраина во Сибир, а светските медиуми јавуваат дека детето (девојчето) планирало да го задржи бебето, а нејзините родители ја подржуваат во таа одлука.

Полицијата покрена и истрага, а за случајот е известен и лекар.

За момчето за кое се наведува дека е татко, нема многу детали, но педијатар од регионот изјавил дека се сомнева дека 10- годишното момче е татко на тоа дете.

– Теоретски тоа е невозможно, не знам ништо за овој случај, но мислам дека некој друг е татко на тоа дете. Иако може да се провери едноставно со тест и верувам дека ќе се направи таков тест – рекол тој.

Во Британија беше регистриран сличен случај, но по извршен ДНК тест се покажа дека 12- годишното момче не е татко на бебето како што се тврдеше.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...