Тирана почна постапка за екстрадиција на „европскиот Ескобар“во Франција

Според полицијата, 53-годишниот Бајбесин од недозволената трговија со хероин остварил милионски приходи.

195

Судот во Тирана почна постапка за екстрадиција на турски државјанин во Франција, кој е осуден на 30 години затвор поради трговија со хероин.

Станува збор за Фарук Бајбесин, кој е познат како „европскиот Ескобар“. Тој во Франција е осуден во отсуство поради илегална трговија со хероин во Европа.

Бајбесин беше приведен на меѓународниот аеродром во Тирана, на 24 декември минатата година. Судот му одреди мерка притвор, а по добивањето на барањето од француските власти почната е постапката за екстрадиција.

Според полицијата, 53-годишниот Бајбесин од недозволената трговија со хероин остварил милионски приходи.

Махмут Бајбесин, таткото на Фарук, исто така е осуден како дел од нарко мрежата.

На чело на нарко мрежа, која покјрај Турција и Франција била активна низ цела Европа, бил Хусеин Бајбазин, кој исто така е во затвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...