Уште еден Женски марш против политиките на Трамп

45

Учесниците на вчерашниот четври  по ред Женски марш на улиците на Вашингтон и другите градови ширум САД ја критикуваа политиката на американскиот претседател Доналд Трамп , залагајќи се за еднаквост на половите и за поголеми права на жените.

Учесниците изразија и поддршка за реформи во имиграциската сфера, во здравството, а укажаа и на значењето на заштита на животната средина. Тие побараа и поголеми права на ЛГБТ заедницата, еднаквост помеѓу расите и слобода на вероисповедта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...