Ангеловска: Ќе се усогласиме со стандардите на ЕУ за штетноста на хартијата на фискалните сметки

444

Ја разгледуваме новината воспоставена од Европската Унија за и ние да се усогласиме и доколку анализите утврдат дека можеме што поскоро да го направиме тоа, ќе пристапиме и ние кон истото, нагласи денеска министерката за финансии Нина Ангеловска одговарајќи на прашање во врска со хемиската материја „бисфенол А“ која се наоѓа во хартијата на која се печатат фискалните сметки и која директно влијае на здравјето на сите оние што се во допир со неа.

Таа посочи дека разговараат со Управа за јавни приходи, ќе ги погледнат сите услови не само поради усогласување на стандардите со Европската Унија, туку, како што рече, доколку е ова случајот, секако на прво место е здравјето на граѓаните и зачувувањето на животната средина.

Претходно во соопштение Комората на сметководители побара да се забрнат фискалните сметки поради присуство на штетни материи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...