Дендиас: Германија згреши што не нѐ покани на конференцијата во Берлин

Поништувањата на двата меморандуми, Дендиас ги споменува и во однос на очекувањата од утрешниот состанок во Берлин.

182

Очекуваме Берлин да биде една скала во процесот за мир во Либија, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас во интервјуто за државната телевизија ЕРТ и додава дека тие сакаат мир во Либија, стабилност во регионот, а не „примирје што ќе се прекине по еден месеци или неколку седмици“, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи на Грција ги повтори европските ставови за либиското прашање односно прекин на огнот и признавање на невалидноста на двата меморандуми меѓу Турција и Владата во Триполи.

Дендиас, коментирајќи го фактот што Грција не доби покана за учество на конференцијата за Либија што ќе се одржи утре во Берлин, рече дека грчката Влада уште од јули се обидувала да обезбеди учество, но Германија не прифатила задоцнето вклучување во процесот.

– Мислам дека Германија направи грешка. Не нѐ прими, но ова е дискусија што ќе ја водиме по Берлин. Она што сега е важно, и дозволете ми да го кажам, е дека Германија има обврска, како и господинот Борел и госпоѓата Фон дер Лајен и господинот Мишел кои учествуваат на конференцијата да ја бранат европска позиција. Европскиот став е ставот изразен на последниот Европски совет. Прифатен е од сите држави. Беше едногласна одлука и во одлуката е вклучено признавање на невалидност на двата меморандуми. Германија не може да се оддалечи од својата европска капа и да не се стреми кон поништување на овие два меморандуми – рече Дендиас за ЕРТ.

Во однос на меморандумите, истакна дека и самиот лидер на Либиската национална армија, Халифа Хафтар бара нивно поништување.

Поништувањата на двата меморандуми, Дендиас ги споменува и во однос на очекувањата од утрешниот состанок во Берлин.

– Во оваа фаза очекуваме, прво, а во таа насока го охрабривме Генералот Хафтар, да има примирје и да има првична согласност за отстранување на странските елементи и на странските сили од Либија, се подразбира дека Турција фигурира прва. Турција е највмешана странска сила во Либија. А потоа, либиското општество да може да го најде својот пат, а на овој пат, неопходен елемент е поништувањето на овие два меморандуми, бидејќи овие две меморандуми всушност се под заштита на странска интервенција во Либија, на турската интервенција во Либија. Па така, очекуваме Берлин да биде една скала во процесот за мир во Либија – истакна шефот на грчката дипломатија во синоќешното интервју за ЕРТ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...