Ирачките безбедносни сили го уапсиле Шифа ал Нима, под сомнение дека издавал верски пресуди, поради кои се убиени многу интелектуалци и свештеници, како и бомбардирани џамии. Ирачката полиција соопштила дека муфтијата е еден од главните водачи на ИД.
На фотографијата при неговото апсење се гледа како муфтијата го ставаат во задниот дел од камионот бидејќи не го собирало во полициското возило, пишува Daily Mail.
– Водушевен сум дека во Мосул е уапсен абба Хут на Исламската држава. Тој е одговорен за убиства на мажи, жени и деца. Тоа животно силуваше и убиваше, напишал на Твитер Британец кој се борел против ИСИС во Сирија.
ISIS Mufti Shifa al-Nima has been arrested. He was one of the main figures to order the butchering, executions, enslavement, rape, kidnapping and sale of non-Muslims and Muslims that opposed ISIS. He couldn’t fit in a police car, so they carried him in a pickup truck. pic.twitter.com/cSyl68Znx3
— Imam of Peace (@Imamofpeace) January 17, 2020