Брнабиќ за датумот на избори: Ќе биде како што кажа претседателот Вучиќ

71
ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

По повод денешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ, дека парламентарните и локални избори ќе се одржат на 19 или 26 април, премиерката Ана Брнабиќ кажа дека распишување на изборите и одредувањето датум се исклучива одговорност на претседателот на Србија.

Таа оцени дека не може да каже кога ќе се одржат изборите, и покрај фактот дека еден од двата датуми кои претседателот Вучиќ ги споменува паѓа на Велигден.

– Ќе биде како што кажа претседателот – изјави Брнабиќ .

На прашањето дали разговарала со Вучиќ за големите промени во владата после изборите, премиерката истакна дека треба да се сочека најпрво исходот од изборите и кој ќе ја стекна довербата на граѓаните.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...