Соочена со блокади од синдикатите, управата на музејот Лувр немаше друг избор освен да ги затвори на музејот. Меѓусиндикалната организација на музејот сакаше со ова да укаже на „катастрофалните ориентации за пензискиот систем“ на Емануел Макрон, јави дописникот на МИА.
За прв пат од 5 декември и почетокот на штрајкот против пензискиот реформски проект, Лувр беше затворен овој петок.
Во 8 часот и 45 минути, штрајкувачите пристигнале пред музејот и го блокирале пристапот до салите. Тие застанаа под стаклената пирамида, по што физички беше невозможно да се пристапи кон музејот. Се вели од Лувр, чија управа рече немаше друг избор освен да го затвори музејот.
– Во срцето на пирамидата на Лувр, која Претседателот на Републиката ја избра веднаш по победата на изброите, против него се крева синдикален опозициски фронт (…) “, пишува Меѓусиндикалната организација на музејот во соопштение за печатот.
– Додека условите за работа на вработените на музејот Лувр се влошуваат од ден на ден со намалувањето на бројот на вработените, несигурноста и дезангажирањето на државата, ние не ја поддржуваме реформата на пензискиот систем со поени предложено од владата која има за цел само да го намали целиот износ на пензиите, продолжуваат штрајкувачите.
Тие повикуваат на „засилување на мобилизацијата и повлекување на проектот за пензиските реформи што го спроведува владата“