Собранието на акционери на НЛБ Банка на вчерашната седницата го именуваше Зоран Јовановски за независен член на Надзорниот одбор на банката. Одлуката Банката ја објави на Македонска берза.
Мандатот на независниот член на Надзорниот одбор е четири години.
Од НЛБ Банка информираат дека одлуката ќе стапи на сила по добивањето мислење од Народната банка.
Актуелни членови на Надзорниот одбор на НЛБ Банка се: Блаж Бродњак, претседател Марјета Звер Цанкар, заменик претседател, како и челновите Хедвика Усеник и Кристина Ковачич Бјелајац и независните членови Абдулменаф Беџети и Борислав Атанасовски
Во 1997 се стекнува со академска титула магистер по економија на Универзитетот на Арканзас, САД. Има добиено сертификат за извршни банкарски директори при престижниот ИНСЕАД во Франција.
Во текот на целата досегашна професионална кариера бил ангажиран во банкарскиот сектор. Во Народна банка помина 11 години, каде меѓу другото ја извршувал функцијата советник-координатор на гувернерот а бил и генерален директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност.