Лајчак: Неопходен нов консензус за пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија

Често се потпираме на стратегијата на комуникациите, но изгледа дека забораваме оти луѓето во регионот на Западен Балкан ги читаат нијансите на сигналите што ги испраќаме, посочи Лајчак

132
ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите од Западен Балкан, при тоа предупредувајќи на ризиците со кои ќе се соочи ЕУ ако не испрати јасен сигнал за регионот.

– Неопходно е да се изнајде нов консензус за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, да се подобри политиката на проширување и да се подготви мајскиот Самит на ЕУ и Западен Балкан, изјави Лајчак на Конференцијата за стратешките предизвици на ЕУ на Западен Балкан 2020 година, што се одржува во Берлин.

Тој нагласи дека е најважно да се сфати дека проширувањето на позитивната агенда, потенцирајќи оти од неодамна има впечаток дека проширувањето се третира како проблем.

Лајчак истакна дека ЕУ мора да го покаже своето влијание во регионот на Западен Балкан.

– Често се потпираме на стратегијата на комуникациите, но изгледа дека забораваме оти луѓето во регионот на Западен Балкан ги читаат нијансите на сигналите што ги испраќаме, посочи Лајчак.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...