Над 45 милиони луѓе од 16 нации во Јужна Африка се соочуваат со глад по повторените суши, големи поплави и економски проблеми, соопшти денеска Светската програма за храна при ОН.
Јужна Африка се соочува со голема суша, а климатските промени ги опустошуваат сиромашните земји, кои веќе се борат со екстремни природни катастрофи.
Агенцијата на ОН планира да обезбеди помош за 8.3 милиони луѓе во осумте најтешко погодени земји, меѓу кои Зимбабве, Замбија, Мозамбик, Мадагаскар, Намибија, Лесото, Есватини и Малави.
Фото: EPA