Меркел: Трамп не е причина за заладените односи помеѓу ЕУ и САД

83
Фото: EPA/CLEMENS BILAN

Германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за „Фајненшл тајмс“ изјави дека опаѓа американската фокусираност врз Европа и тоа ќе биде случај со кој било претседател.

Таа додаде дека заладените односи помеѓу Германија и САД не се поради Доналд Трамп, туку тоа има подлабоки корени, како и структурални причини.

Меркел наведе дека „се случи пресврт“ додавајќи оти поранешниот американски претседател Барак Обама зборувал за азиски век, од американска перспектива.

– Тоа, исто така, значи дека Европа повеќе не е, така да кажам, во центарот на светските настани… Фокусот на САД врз Европа опаѓа, што ќе биде случај со кој било претседател – истакна Меркел.

Фото: EPA/CLEMENS BILAN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...