Комора на сметководители: Финансии потврди дека се дозволува системски неконтролирана е-трговија

Додека се чека воспоставување на систем за контрола на е-трговијата, оштетени од оваа новина ќе бидат малите трговци и увозници кои плаќаат данок и царина, што беше истакнато и на прес конференцијата.

184

При зголемувањето на ослободувањето на пратките од плаќање царина до 90 евра, сметаме дека не е исполнет основниот предуслов за системско решение со кој ќе се утврди каде оди робата што се увезува со електронска трговија без царина. Додека се чека воспоставување на таков систем, оштетени од оваа новина ќе бидат малите трговци и увозници кои плаќаат данок и царина, што беше истакнато и на прес конференцијата. Ова го наведуваат од Комората на сметководители по реакцијата на Министерството за финасии на нивната прес-конференција на која забелешаа дека нема контрола на интернет тргувањето по ослободувањето од царина на прартки до 90 евра.

„Препораката на ЕУ се однесува на увоз за лична употреба, со што мора да се достави директно до познат краен корисник, а кај нас како што наводовме нема систем каде одат стоките. Дополнително, едно е тоа што граѓаните си носат од патување во износ до 350 евра и се знае кој го пренесува и таа сума е за предмети за лична употреба што е регулирано со акт и за 350 евра, доколку се обиде некој да помине низ граница за продажба или комерцијална употреба, а не лична повторно е должен со позитивните прописи да плати царина. Тоа со новите измени за електронски пратки не е случај и се стимулира уништување на трговците и увозниците што плаќаат царина, со дозволување на системски неконтролирана е – трговија од странски земји. Како што наведоа и МФ во нивната реакција систем сѐ уште нема, туку се работи на негово поставување.

Од комората велат дека е логично во овој случај законските  измени да се донесат со одложена примемена додека се воспостави тој систем, а не да се оштетат илјадници лица кои работат и плаќаат царини при увоз.

Од комората забележуваат и на измените на образецот „даночен биланс“ кои стапија на сила од годинава во период  кога веќе е започнато поднесувањето на завршните сметки за 2019 година.

„Ретроактивно да се носи акт даночна евиденција и известување за година која е измината е невидено и директно ја загрозува правната сигурност во Македонија. Промените во Законите за даночната легислатива генерално повлекуваат потреба од промена на даночните обрасци, но овие промени во обрасците, правилниците и остнатите поврзани подзаконски акти мора да се носат паралелно и истовремено со самите законски измени и да се остави период од најмалку 6 месеци до нивна ефективна имплементација во праксата така што компаниите ќе имаат доволно долг период да се прилагодат напромените а сметководителите и советниците доволно време да ги проучат импликациите на промените врз нивното работење“ велат во реакцијата од Комората на сметководители.

Оттаму појасниуваат и дека завршните сметки се поднесуваат од 1 јануари до 15 март во тековната за претходната година, што може да предизвика дополнителни проблеми кај даночните обврзници, бидејќи брзите промени на даночното законодавство можат да иницираат ненамерни грешки кај даночните обврзници кои потоа скапо ќе ги чинат и ќе плаќаат глоби поради ова загрозување на правната сигурност.

„Како и за многу други мерки и за овие штетноста од нивното воведување ќе ја почувствуваат компаниите, а направената штета ќе треба некој со одговорност да ја надомести“, се вели во реакцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...