Цената на биткоинот достигна 8.667 долари

Биткоинот беше во рекордно високо ниво од 20.000 американски долари во декември 2017 година, по што падна на само 3.000 долари до крајот на 2018 година.

302

Дигиталната валута Биткоин се тргува за 8.667 долари, што е за 21 процент раст од почетокот на 2020 година. Биткоинот забележа најдобар почеток на годината од 2012 година.

Оптимизмот се врати на пазарот по колапсот што уследи по врвот во 2017 година.

Ситуацијата е слична со другите дигитални валути, вклучувајќи Еthereum и XRP, кои добија повеќе од 20 проценти на вредноста секоја во првите две недели од оваа година.

Биткоинот беше во рекордно високо ниво од 20.000 американски долари во декември 2017 година, по што падна на само 3.000 долари до крајот на 2018 година.

Експертите веруваат дека може да достигне 16.000 американски долари до крајот на 2020 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...