Со „Роденден на уметноста“ МКЦ в сабота ќе ја отвори сезоната

223
Младинскиот културен центар в сабота, 18 јануари,  ќе ја отвори новата сезона со манифестацијата „Роденден на уметноста“ што ќе ја организира осми пат.
Ќе има неколку настани кои ќе почнат во 18 часот со детска работилница „Играј со светлината“ со Доротеј Нешоски, Нина Максимова и Дени Стојанов.
Во Планетариумот кој е во состав на МКЦ ќе има предавања за астрономијата – од 18 часот за деца до 12 години, а од 19.20 и од 20.40 часот за возрасни.

Во кино „Фросина“ од 19 часот ќе биде промовирана книгата  „Македонска сага“ од Сунчица Уневска, во која се содржани рецензии за македонски филмови од осамостојувањето на државата до денес што своевремено ги пишувала авторката – новинарка и филмска критичарка.

Ќе бидат отворени и две изложби – на Марина Убавкова од 20 часот во Галеријата на МКЦ и изложба „Мали хумани иновации“ на студентите од насоката Индустриски дизајн на Машинскиот факултет – во Галерија 2 од 20.30 часот.

Во 21 часот во „Фросина“ е најавен настанот на Импров група „Настап“, а музичка програма ќе има од 20 часот до полноќ во „Ап(о)тека“, сала „25 Мај“ и бифе на МКЦ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...