Два ненаселени острова во индонезиската провинција Јужна Суматра се целосно исчезнати под вода како резултат на зголемувањето на нивото на морето предизвикано од глобалното затоплување.
Тоа го објави весникот „Стрејт тајмс“, цитирајќи ги податоците од локалниот Форум за заштита на животната средина.
-Бетските и Гундулските острови сега се наоѓаат на 1-3 метри под морското ниво. Доколку не се преземе итна акција, на уште четири острови во рамките на таа провинција им се заканува исчезнување – рече шефот на таа невладина организација, Хајрул Собри.