Магична пампас трева за магичен простор

Пампас тревата може да се забележи и во овие краеви, иако природно е распространета на подрачјето на Јужна Америка.

501

Пампас тревата може да се забележи и во овие краеви, иако природно е распространета на подрачјето на Јужна Америка. Тоа е еден од најпопуларните и најромантични украси на венчавките, но пополека се сели и во дневните соби, па и во бањите.

Пампас тревата (Cortaderia Selloana) ја красат долги стебла и раскошни листови кои привлекуваат внимание со својот необичен облик и текстурата. Заради висината потсетува на трска. Класовите на тревата може да бидат во нежни нијанси на сиво-бела, сребрена и розова боја.

Неодоливо потсетува на топли летни денови, па со првите зраци на сонцето и идеален и магичен украс за ентериерот. Има дваесет подвида на пампас трева.

Супер-ефект се постигнува ако оваа билка ја сместите во светла или стаклена вазна, а заради своите димензии и раскошот, таа е доволен украс во цела просторија. Листовите растат и до 120 сантиметри.

Доколку сакате да ја засадите во градината, треба да знаете дека сака да биде на сончевата страна, потребна и е многу влага и нахранета земја. Семето е најдобро да се засади на пролет, а при одржувањето не бара многу внимание. Доволно е редовно да се отстрануваат сувите листови и цветови, а при летна суша потребно е почесто да се полева со вода.


Од ниските зимски температури пампас тревата ја штитат долгите листови. Имајте на ум дека оваа трева, иако освојува со изгледот и не е тешка за одржување, треба да знаете да ја контролирате. Брзо расте и уште побргу се шири, па може да биде инвазивна. Заради тоа, во некои делови од светот е забранета и прогласена за плевел.

Сепак, неколку парчиња од оваа егзотична билка ќе го разубават дневниот престој или која било друга просторија, бидејќи зрачат со елеганција и посебност.

Совет: Без претерување со количината, бидејќи добрата стара поговорка „малку е повеќе“ сосема добро одговара на пампас тревата. Таа одлично ќе се вклопи во малку ориентални ентериери, но еднакво ефектно изгледа и во минималистички црно-бели комбинаци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...