Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф порача денеска дека постоечкиот нуклеарен договор не е мртов, додавајќи дека не е сигурен оти некој нов договор на американскиот претседател Доналд Трамп би траел подолго.
– САД ги немаат исполнето постоечките обврски. Тие се повлекоа и го прекршија. Да имам договор составен од Трамп, колку долго би траел? истакна Зариф на безбедносната конференција во Њу Делхи.
Британскиот премиер Борис Џонсон вчера го повика Трамп да го замени иранскиот нуклеарен договор од 2015 година со нов, сопствен документ, со цел да гарантира дека Техеран нема да произведе нуклеарно оружје.
Американскиот претседател потоа објави на Твитер дека се согласува со Џонсон оти е потребен „Трампов договор“.
– Иран го интересира дипломатија, но не и преговори со САД – додаде Зариф, истакнувајќи дека постоечкиот договор е „меѓу најдобрите“