Грција доби ново Министерство – за миграција и азил

67

Со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се формира ново Министерство – за миграција и азил. Министер ќе биде досегашниот заменик министер за труд, Нотис Митаракис, соопшти денеска портпаролот на владата, Стелиос Пецас.

Алтернативен министер ќе биде Јоргос Кумуцакос кој и досега беше надлежен за миграциска политика, но во рамките на Министерството за цивилна заштита.

-Владата уште од прв момент следеше различна политика во бегалското- мигрантското прашање. Со комплетен план базиран на четири оски: заштита на нашите граници, забрзување на процедурите за азил, зголемени враќања, затворени центри. И сето ова, паралелно, спроведувајќи празнење на островите што го имаат најголемиот товар во приемот на бегалците и мигрантите, но и со нејзината интернационализација на проблемот во сите меѓународни форуми. Она што е потребно е брза имплементација на овој план – рече Пецас, објаснувајќи ја одлуката на грчкиот премиер за формирање  посебно Министерство.

Прашањата поврзани со миграцијата, по изборите на 7 јули 2019 година и промената на власта во Грција, од посебното министерство кое постоеше претходно, беа ставени во надлежност на Министерството за цивилна заштита.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...