Месечен надоместок за уште 1.000 стечајци до пензионирање

392

Со последните измени опфатот на стечајни работници коишто ќе бидат материјално обезбедени до нивно пензионирање се проширува на уште 1.000 лица, соопштија од владината прес-служба, откако на денешната седница Собранието ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост.

Со последните измени, вкупната бројка на материјално обезбедени стечајци коишто ги реши оваа владата за две и пол години е 12.000.

– Законот стапува на сила со објавувањето во Службен весник и ги повикуваме стечајните работници од петок да поднесуваат барања во Центрите за вработување за да може да го остварат правото на користење на месечен надометок од околу 8.000 денари, наведоа од владината прес-служба.

Посочија дека приоритет на владата и на Министерството за труд и социјална политика е борбата против сиромаштијата и подобрување на условите за живот на секој поединец во државата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...