Со нов закон за Финансиска полиција ќе се зајакнуваат капацитетите за борба против организираниот криминал

380

Владата го утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција и донесе одлука предлог законот да го достави на усвојување до Собранието.

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се доуредува класификацијата на работните места во Управата за финансиска полиција, постапката за вработување и постапката за селекција за засновање работен однос, како и другите права и обврски на вработените, односно на овластените лица финансиски полицајци.

– Со ново предложените одредби за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се зајакнуваат капацитетите на Управата за финансиска полиција согласно Планот 3-6-9 на владата во областа борба против организиран криминал и корупција кој предвидува зајакнување на Финансиската полиција и формирање на меѓуинституционална рамка со зајакната рамка за спроведување истраги и конфискација на имот на постситематска и функционална основа, соопшти владината прес-служба

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...