Европската унија ќе ѝ даде на Турција дополнителни три милијарди евра помош за сириските бегалци во следните две години, изјави денеска Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Таа ова го изјави на втората донаторска конференција за Сирија во Брисел.
– Ќе одделиме дополнителни три милијарди евра за Турција во следните две години, изјави таа.
Турција пружа засолниште на повеќе од половината од вкупниот број сириски бегалци во светот, односно во таа соседна земја на Сирија, се наоѓаат над 3,5 милиони Сиријци. ир/ми/12:12