Земјоделство: ВМРО-ДПМНЕ преку измислен случај штити криминал

Оттаму потсетуваат дека лицето со кое разговара Мојовски на снимката е инспектор директно задолжен да го следи концесионерот на Охридското Езеро, обврска што, всушност, не ја исполнил.

95

Измислениот случај за наводни притисоци е само уште еден обид на ВМРО – ДПМНЕ да го заштити криминалот, тврди Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во врска со објавената аудио снимка на порталот „Економски лидер“ и денешната прес-конференција на дополнителниот заменик-министер Цветан Трипуновски

Од Министерството за земјодлество велат дека не штитат криминал.

– Во врска со објавената аудио снимка на порталот „Економски лидер“, јасно се слуша дека нема закани и притисоци од страна на советникот на министерот Трајан Димковски, туку добронамерно укажување и советување до лицето од разговорот да ја врши својата работа согласно законот – појаснуваат од Министерството.

Оттаму потсетуваат дека лицето со кое разговара Мојовски на снимката е инспектор директно задолжен да го следи концесионерот на Охридското Езеро, обврска што, всушност, не ја исполнил.

– МЗШВ навреме за случајот ги извести сите надлежни институции Државниот инспекторат за земјоделство, Пазарен инпсекторат, Трудов инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство за да се извршат итни инспекциски контроли на терен – велат оттаму.

Од Министерството потсетуваат дека во декември лани е добиен допис од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ во кој се посочува дека постои отсуство на преземени активности од страна на Државниот инспекторат Охрид и Струга и на концесионерот на Охридското Езеро „Летница –Белвица“ во делот на контролите за откривање и спречување криминал.

– Конкретно, центарот алармира дека токму концесионерот има вработени лица за
стопански риболов кои се познати сторители на кривични дела како шпто се
незаконски риболов и недозволена трговија со дрога. Овие лица го злоупотребиле стопанскиот риболов и со помош на необележани пловни објекти за стопански риболов учествуваат, помагаат и овозможуваат извршување на кривични дела, криумчарење на марихуана и риба преку сината граница на крајбрежјето на Охридско Езеро.
Токму посоченото лице во аудио снимката е директно задолжено и одговорно
во име на Државниот инспекторат за земјоделство, а со тоа и за концедентот
Република Северна Македонија, и согласно договорот за концесија, да го следи
концесионерот и да презема соодветни мерки за почитување и исполнување на
обврските од договорот – велат од МЗШВ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...