Еренрајх ќе го глуми Хан Соло во најмалку три филмови „Војна на ѕвездите“ (ВИДЕО)

Во новата спин-оф приказна, главен и централен лик ќе биде Хан Соло, кого првично го толкуваше Харисон Форд.

172

Актерот Алден Еренрајх ќе го толкува ликот на Хан Соло во три спин-оф продолженија на серијалот филмови „Војна на ѕвездите“, соопшти продукциската куќа Лукасфилм.

Првиот од трите филма е веќе во постпродукција, и ќе ја има својата премиера следниот месец. Актерот потврди дека потпишал договор за три филма, пренесува „Есквајер“.

Во новата спин-оф приказна, главен и централен лик ќе биде Хан Соло, кого првично го толкуваше Харисон Форд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...