Четвртина Германци не знаат кој ја напишал „Ода на радоста“

170

Дури 25 отсто од Германците не знаат дека композицијата „Ода на радоста“ е напишана од прочуениот германски композиотор Лудвиг ван Бетовен.

Според анкета на Ју-гов, 95 отсто од германските испитаници, постари од 18 години, знаат кој е Бетовен, но некои од нив не го поврзуваат неговото име со најпознатото негово дело.

Покрај тоа, 68 отсто од луѓето сметаат дека класиката како музички жанр го има загубено своето значење, иако некои сметаат дека таа сè уште има важна улога во современото општество.

„Ода на радоста“, првично била напишана како поема од Фридрих Шилер, која подоцна Бетовен ја прилагодил како составен дел од Деветтата симфонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...