Хезболах: Ова е само почеток на одмаздата кон САД

466

Лидерот на либанската милитантна група Хезболах, Хасан Насралах изјави денеска дека иранскиот напад врз двете американски воени бази во Ирак е само почеток на одмаздата, бидејќи САД го убија иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Тој ракетниот напад го опиша како „шлаканица за Вашингтон“, со цел да се испрати порака, додавајќи дека тоа е само прв чекор кон патот да се обезбеди повлекување на американската војска од регионот.

– Американците мораат да ги отстранат своите бази, војниците, бродовите и службениците од нашиот регион. Зборуваме за почеток на фаза, за нова борба и за нова ера во регионот, истакна лидерот на Хезболах.

Насралах изрази благодарност поради поддршката на Сулејмани за Хезболах и нагласи дека светот е поинакво место по неговата смрт, а не побезбедно како што тврдат американските официјални претставници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...