Пејачката Бритни Спирс (38) на Инстаграм сподели фотографија на која позира во костим за капење, a под фотографијата напишала „Едвај чекам пролет“.
Фановите се загрижиле за неа бидеќи на фотографијата таа изгледа многу исцрпено, па најчестите коментари се: „Добро ли си?“, „Ме загрижуваш овие денови“, „Изгледаш како да те држат како заложник“, „Што изведуваш? Собери се“, „Поубава и поприродна си без таа темна шминка“.
Покрај заморот и исцрпеноста кои се видливи, не може да не се забележи дека Бритни има неуредна шминка и коса.
Иако фотографијата добила голем број лакови, нејзините обожаватели не можат да не се запрашаат што се случува со пејачката.