„Дејли мејл“: Принцот Хари ја дал идејата да се вработи Меган – ќе го позајмува гласот на „Дизни“ јунаците ВИДЕО

887

Меган Маркл ќе го позајми својот глас на компанијата „Дизни“ за еден од нејзините јунаци. „Дејли мејл“ пишува дека токму принцот Хари ѝ ја дал идејата на продукциската куќа да ја вработи Меган, односно дека принцот наводно се обидувал да го убеди директорот на компанијата Боб Ајгер да ја ангажира неговата сопруга.

Според „Дејли мејл“, на премиерата на „Кралот лав“ во Лондон, во јули минатата година, војводата од Сасекс ја искористил приликата да му каже на Ајгер дека Меган е заинтересирана да го позајми гласот во некој анимиран филм.

„Знате ли дека таа умее да го позајми гласот?“, му рекол наводно Хари на директорот. „Таа е навистина заинтересирана“, рекол Хари, а Ајгер му одговорил: „Би сакале да пробаме. Тоа е прекрасна идеја“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...