Промоција на „Водич за долговечност“

545

Во Клуб-ресторанот МКЦ во 19 часот Издавачкиот центар ТРИ ќе ја промовира првата книга на д-р Александар Митов „Водич за долговечност“.

Во оваа книга ќе најдете најнови научни сознанија за животниот стил и болестите, од проверени извори, напишани на разбирлив јазик, и многу применливи совети.

Д-р Митов е еден од пионерите на општото здравје и благосостојба, чија поширока активност е насочена кон вистинските препораки и промовирање на значењето на едукацијата за најважните здравствени теми, зашто самите сме најодговорни за своето здравје.

Колкав е природниот век на човекот? Научните студии велат дека изнесува некаде над 100 години. Според некои, околу 115, а според други – дури и до 125 години. Тоа е должината на животот која научниците ја измериле според хромозомите или, уште поточно, според теломерите. Ќе се согласиме дека, според денешните стандарди, тоа е импресивна бројка.

Денес сме соочени со болести кои во 80 отсто од случаите можеме да ги спречиме. Да, можеме! Тоа се во прв план кардиоваскуларните болести. Здравствената криза може да се реши само на еден начин: ако секој од нас направи промени кон подобро во својот животен стил. Сите сме засегнати – или лично или преку најблиските.

Овој Водич за долговечност се фокусира на најчестите болести кои ни стојат на патот на природниот долг животен век. Тие болести не се семоќни, ниту пак ние сме немоќни пред нив. Медицината на животниот стил нуди конкретни решенија за тоа. Но нуди и можности за лекување, доколку сме веќе соочени со некоја од нив.
Најновите научни сознанија за животниот стил и болестите, од проверени извори, напишани на разбирлив јазик, и многу применливи совети – ваш сигурен пат до долговечноста!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...