Таен авион со американски ознаки вчера слетал на љубљанскиот аеродром “Брник”. Ова го јавија словенечките медиуми според кои се работи за летало обележано со боите на американската влада.
Авионот полетал од воена база во близина на Вашингтон, слетал на Брник и не бил пријавен како цивилен, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Според информациите на Поп ТВ, се работи за рутински тренажен лет. Леталото е од типот “Боинг Ц40” со ознаки 01-0041. Овие авиони се користат за “посебни намени”, што според познавачите значи дека се опремени со голем број софистицирани комуникациски системи. Овој тип на летала се користат за воени цели, а во нив се превезуваат и високи државни делегации.