Одбегнувајте го иранскиот воздушен простор, предупреди ЕАСА

83

Европската агенција за безбедност во авиосообраќајот (EASA) денеска ги предупреди европските авиокомпании во следниот период да го одбегнуваат иранскиот воздушен простор.

Европската агенција, која на 9 јануари издаде предупредување до европските компании да го одбегнуваат надлетувањето на иранскиот простор на височина под 25.000 стапки (7.620 метри), соопшти дека ова ново предупредување следи по признавањето на иранските власти дека случајно го собориле украинскиот патнички авион над аеродромот во Техеран, пренесоа британските медиуми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...