Чавушоглу: Франција ѝ доставува оружје на Либија

88
ФОТО: EPA / GEORGI LICOVSKI

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска ја обвини Франција дека и испорачува оружје на Либија, пренесе Тасс.

-Има некои земји кои се обидуваат да го спречат повикот на претседателите на Турција и Русија за прекин на огнот во Либија. Франција се обидува да ја саботира секоја иницијатива во која не учествува. Франција, преку испораките на оружје во Либија,  го овозможува продолжувањето на хаосот – рече турскиот министер за надворешни работи на прес конференција во Анкара, пренесе БТА.

Во моментов врз Либија е активно ембаргото за увоз на оружје, потсети Тасс.

Чавушоглу, исто така, изрази надеж дека Либиската национална армија (ЛНА) на маршалот Халифа Хафтар ќе се согласи да се приклучи кон иницијативата на претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, за воспоставување на режим за прекин на огнот од недела на полноќ (12 јануари).

ФОТО: EPA / GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...