Австриски градоначалник заврши в затвор оти не извршил една своја обврска

398

Градоначалникот на малото австриско гратче Пихел, Јохан Допелбауер, бил уапсен и брзо осуден на 15 месеци условна затворска казна, бидејќи не овозможил доволно приклучоци за водовод и канализација, што било негова обврска.

Како што јави дописникот на МИА од Виена, тој поради тоа по автоматизам бил сменет од функцијата градоначалник на Пихел.

Според локалните закони, веднаш по разрешувањето на Допелбауер, функцијата градоначалник ја преземала неговата заменичка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...