Турција започнува да гради 500 станови во Албанија

113

Албанскиот министер за обнова, Арбен Ахметај, денеска на заедничка прес конференција со турскиот министер за амбиент и урбанизам, Мурат Курум, изјави дека започнати се работите за изградба на 500 станови, кои беа ветени од турската Влада, после силниот земјотрес што ја погоди Албанија,утрото на 26 ноември минатата година.

-Турција, како што се договоривме, презема обврска за изградба на 500 станови во Лач и Туман. Денеска ги дискутиравме деталите од проектот. Нашата цел, како што спомена и премерот Еди Рама, е до крајот на годината сите кои ги изгубија, да добијат свои домови – рече Ахметај.

Турскиот министерот Курум, рече дека Турција ја смета како братска должност обврската да и помогне на Албанија,дека становите ќе бидат готови до јули и оти помошта ќе продолжи.

-Ставивме на располагање 1.500 шатори за зимаа а ја почнуваме и со изградбата на ветените 500-те станови кои ќе ги прилагодиме на вашиот стил на живот. Сметаме дека во рок од шест месеци ќе го завршиме овој проект и ќе им го предадеме на нашите браќа Албанци. Што се однесува до другите објекти ќе направиме напори да ги исполниме барањата – истакна Курум.

Како што е познато во разорниот земјотрес, со јачина од 6,4 степени според Рихтер, што ја погоди Албанија, на 26 ноември минатата година и животот го загубија 51 лице, околу илјада беа повредени, додека над четири илјади останаа без покрив над главата.

Турскиот министер Курум оствари средба и со шефот на државата Илир Мета,на која тој се заблагодарил за помошта што Турција ја дава за неговата земја по катастрофалиниот земјотрес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...