Незадоволните словачки превозници утринава делумно го блокираа сообраќајот на граничниот премин на автопатот со Чешка кај Брецлав. Портпаролката на словачката полиција изјави дека блокадата се однесува на товарниот сообраќај во правец на Словачка, а патничките автомобили ќе минуваат во една лента.
Уште не е познато кога протестот ќе зазаши.
Словачката полиција соопшто дека возачите мораат да сметаат дека протестот на друмските превозници ќе предизвика и сообраќајни ограничувања и на некои премини со Унгарија и Полска, а исто така и на еден од клучните патишта во источна Братислава.
Според полицијата блокадите ќе продолжат и во текот на викендот.