НЛБ Банка соопшти дека има измени во органите на управување. На Македонската берза, Банката информира дека Дaмир Кудер не е веќе член на Управниот одбор, бидејќи му истекол мандатот.
„Ве известуваме дека поради истек на мандат (01.01.2020), Дамир Кудер повеќе не е член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје“, се вели во соопштението на Банката.
Претходно Банката ги пополни испразнетите места во Управниот одбор со двајца нови членови: Петер Зелен и Игор Давчевски.
Актуелниот состав на Управниот одбор на НЛБ Банката го сочинуваат: Антонио Аргир кој е претседател на Управен одбор, а членови се Гинтер Фриедл, Петер Зелен и Игор Давчевски.