Воздушен напад врз проирански сили во Сирија

220

Неидентификувани авиони нападнаа утрово позиции на проиранските сили во Сирија, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Цел на нападот биле позиции кои им припаѓаат на проиранските милиции во областа Боукамал, во близина на границата со Израел.

Организацијата, чие седиште се наоѓа во Лондон и која ја документира војната во Сирија преку мрежа на активисти на терен, соопшти дека авионите погодиле и магацини со оружје и возила кои им припаѓаат на милициите.

Пријавени се неколку експлозии во пограничното подрачје, но не е познато чии авиони го извршиле нападот.

Засега нема коментари на овие информации од страна на сириски официјални претставници.

Нападот се случува во момент на тензии во тој регион меѓу САД и Иран.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...