Министерката за финансии Нина Ангеловска демантира дека на каков било начин се прават опструкции на заменик министерката Гордана Димитриеска Кочоска во Министерстовот за финансии.
Ангеловска рече дека обидот, меил испратен од кабинет, кој содржи процедура за работа, да се претстави како завера, не е ништо повеќе од обид за политичко поентирање.
– Не се работи за никаква забрана, обидот за меил испратен од Кабинет во кој што се содржи процедура за работа и комуникација, се претстави од страна на одредени медиуми како завера за мене е повеќе политичко поентирање – изјави Ангеловска.
Таа рече дека не треба да си дополнителен заменик министер во Министерството за финансии за да ја видиш секоја трансакција и секој денар каде оди.
– Тоа сега може да го гледа секој преку платформата „Отворени финансии“ – рече Ангеловска.
Ангеловска, како што рече, се надева дека конструктувно ќе продолжи натамошната соработка со техничката дополнителна заменик министерка и нејзините соработници.
Заменик министерката Гордана Димитриеска Кочоска денеска обвини дека со испраќањето на мејл од кабинетот на министерката до секторите во Министерството ѝ се прават опструкции.