Претседателот на Бугарија, Румен Радев свика за денеска состанок на Советодавниот совет за национална безбедност поради конфликтот меѓу Иран и САД.
Тема на средбата е „Можни ризици и закани по националната безбедност во контекст на сложената безбедносна ситуација на Блискиот Исток“.
Претставниците на извршната и законодавната власт и спец-службите се очекува да излезат со заеднички став на Бугарија. Премиерот Бојко Борисов вчера рече дека само мирот може да ги реши проблемите на Блискиот Исток.