Лани помалку барања за азил во Германија

Меѓу барателите на азил во Германија во претходната година најбројни биле сириските државјани

75

Бројот на барања за азил во Германија во 2019 година е намален на 111.094, што е пад од 14,3 отсто во однос на претходната година, јавија германските медиуми.

Меѓу барателите на азил во Германија во претходната година најбројни биле сириските државјани со 26.453 барања, на второто место се најдоа Ирачаните со 10.894 барања, а на трето се Турците со 10.275 барања.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер изјави дека „бројката на баратели на азил во земјата опаѓа веќе трета година по ред“.

Тој, сепак, додаде дека миграцискиот притисок на надворешните граници на Европската унија и во Германија и натаму е голем.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...