На одбележувањето на големиот православен празник,Божик, српско-црногорското малцинство побара формирање училишта на нивен мајчин јазик во Скадар и прогласување на седми јануари за државен празник.
– Тие се собраа во црквата „Св Троица“ во Враке, Голема Малесија, за да присуствуваат на светата литургија што ја одржа свештеник од Црна Гора -пренесе тиранската телевизија Топ чанел.
Претседателот на српско – црногорското здружението „ Розефа – Морава“, Павло Јанко, изјавил дека во Албанија има 27.500 Срби и Црногорци и затоа бара тие да се образуваат на мајчин српски јазик а 7 јануари да се прогласи за државен празник.
Тој додал дека малцинствата во Албанија се исплашени и не се изјаснуваат она што се и слободно не може да ги побараат своите легитимни права.
Тој, исто така, ја коментираал и иницијативата „Мини балкански Шенген“ велејќи дека „оние кои ја избегнуваат прекугранична соработка, се оддалечуваат од европската перспектива“.
Инаку, во име на припадниците на малцинствата од православна вероисповест во Албанија, барање, седми јануари, да влезе во календарот на државни празници, до албанскиот законодавен дом минатиот месец достави Васил Стерјовски, пратеник од Македонска алијанса за европска интеграција,