Бројот на мигранти кои пристигнуваат на грчките острови е двојно поголем, изјави грчкиот министер за миграциска политика Димитрис Вицас.
За време на дебата за новиот предлог-закон за азил, тој рече дека на островот Лезбос, каде се наоѓа најголемиот камп за мигранти, минатата година од Турција пристигнувале во просек 54 мигранти дневно, а само вчера пристигнале 206 нови лица.
На сите грчки острови во текот на април регистрирани се вкупно 2.168 нови бегалци и мигранти.
Во првите два месеци имало по 66 пристигнувања дневно, но од тогаш таа бројка се зголемила на 126, а последните денови и на 200 мигранти дневно.
Вицас рече дека преку копнениот дел од границата меѓу Грција и Турција, на реката Еврос, годинава пристигнале вкупно 2.700 бегалци и мигранти, а само вчера нивниот број изнесувал 340 лица.
Вкупно, од почетокот на годинава преку море во Грција пристигнале повеќе од 7.000 бегалци, додека во Турција се вратени 112 лица. ј