Новата австриска влада на канцеларот Себастијан Курц денеска положи заклетва и стапи на должност.
Коалицискиот Кабинет е составен од конзервативната Народна партија на Австрија на Курц со партнери – Зелените. Вицеканцелар е Вернен Коглер, кој ќе го раководи Министерството за спорт и јавни служби.
Точно 100 дена од предвремените парламентарни избори, Австрија доби нова влада од која, како што рече претседателот Александар ван дер Белен, граѓаните имаат големи очекувања.
Канцеларот Курц, кој вторпат ја предводи владата, е повторно најмладиот државник во светот.
Ова е најмладата влада и влада со најголем процент жени – повеќе од 53 проценти од министрите.