Трамп најави сериозни санкции за Ирак

Тој додаде дека санкциите наметнати на Иран ќе дејствуваат слабо во однос на санкциите што би биле наметнати од страна на САД за Ирак.

553
ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Ирак со сериозни санкции во случај американските трупи да мора да ја напуштат земјата.

– Ако тие бараат од нас да заминеме, ако не го сториме тоа на многу пријателска основа, ќе им наметнеме санкции какви никогаш досега не виделе, изјави Трамп, откако ирачкиот Парламент побара протерување на американските трупи.

Тој додаде дека санкциите наметнати на Иран ќе дејствуваат слабо во однос на санкциите што би биле наметнати од страна на САД за Ирак.

Ирачкиот Парламент вчера одлучи да ги протера силите на меѓународната коалиција од земјата поради американскиот напад врз аеродромот во Багдад во кој загина иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...