Пржени компири за Ким Џонг-ун на самитот во Јужна Кореја

206

Швајцарско јадење од пржени компири кое се вика решти ќе му биде послужено на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на самитот во Јужна Кореја, со цел да му поттикне носталгија за ученичките денови кои наводно ги поминал во Швајцарија, иако тоа никогаш не е официјално потврдено.

Од друга страна, на јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин  ќе му биде сервирано јадење од риба лист, кое е многу популарно во неговиот роден град Бусан.

Домаќините од Јужна Кореја тврдат дека состојките и рецептите за јадењата потекнуваат од двете земји.

На пример, исклучително популарното јадење во Северна Кореја, кое се прави со ладни тестенини, ќе го подготвува шефот на кујната на ресторанот „Окрју Гван“ во Пјонгјанг.

Самитот на лидерите на двете Кореи е прв по 2007 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...