Само едно лице починало лани на патиштата во Осло

За првпат во историјата, во текот на една година во Осло не загинало ниту едно дете под 16 години во сообраќајни несреќи во целата земја.

431

Во сообраќајните несреќи во Осло минатата година, според официјални податоци,  загинало само едно лице. За првпат во историјата, во текот на една година во Осло не загинало ниту едно дете под 16 години во сообраќајни несреќи во целата земја. Сепак, вкупната бројка на загинати во земјава е за две жртви поголема во споредба со 2018 година – 110, објави Индепендет.

За споредба, 126 лица загинаа на лондонските патишта во 2019 година, на почетокот на декември, што претставува зголемување за 22 од истиот период во 2018 година.

Втората ниска бројка на смртни случаи во сообраќајот, според фицијални информациии, е од 2017 година, кога тројца починаа на патиштата во Осло.

Таа година Норвешка имаше најниска стапка на смртни случаи во сообраќајки во Европа – 20 инциденти на еден милион жители.
Најопасните земји за возење во Европската Унија се Бугарија и Романија, каде што просекот е 90 загинати на еден милион жители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...