Трамп се закани дека држат на нишан 52 ирански цели

„Ова е предупредување за Иран доколку нападне Американци или американски имот дека сме насочени кон 52 ирански позиции, од кои некои се „од високо ниво и многу важни за Иран и иранската култура“, и тие мети ЌЕ ГИ ПОГОДИМЕ МНОГУ БРЗО И МНОГУ СИЛНО“. САД не сакаат повеќе закани! “, објави американскиот претседател.

527

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека нивна мета се 52 ирански цели што ќе бидат погодени доколку Иран нападне Американци или кој било имот на САД како одговор на воздушниот напад во кој беше убиен иранскиот командант Касим Сулејмани во Ирак.

Трамп на Твитер напиша дека Иран „многу смело зборува за таргетирање одредени американски цели“ како одговор на смртта на Сулејмани.

„Ова е предупредување за Иран доколку нападне Американци или американски имот дека сме насочени кон 52 ирански позиции, од кои некои се „од високо ниво и многу важни за Иран и иранската култура“, и тие мети ЌЕ ГИ ПОГОДИМЕ МНОГУ БРЗО И МНОГУ СИЛНО“. САД не сакаат повеќе закани! “, објави американскиот претседател.

Трамп нагласува дека се избрани 52 цели што ги претставуваат 52 Американци држени како заложници во американската Амбасада во 1979 година во Техеран.

„Тој (Сулејмани) веќе ја напаѓаше нашата Амбасада и се подготвуваше за нови напади на други локации. Иран со години не беше ништо друго освен проблем“, напиша Трамп на Твитер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...