Три ракети експлодираа во ирачка база во која се сместени и американски војници.
Ракетите од типот „Каќуша“ експлодираа во кругот на базата Балад во Ирак, 80 километри северно од Багдад, во која има американски сили.
Нема повредени во нападот, изјавија извори од безбедносните служби. Нема други детали за нападот.
Проектил попладнево експлодира во силно обезбедуваната Зелена зона во ирачкиот главен град Багдад во близина на американската Амбасада, јави Ал Арабија.
Сите улици кон зградата на американската амбасада се затворени. Дел од западните медиуми јавија за експлозии на два проектила.
Пет луѓе се ранети денеска во гранатирање на багдадското предградие Џадрија, соопшти полицијата.